За укинување на притворот на Јовановски ќе одлучува судијата кој одобри куќен притвор за Јанева

Од:

Судијата Зоран Димитриевски, кој одлучи Катица Јанева да излезе од притвор и да оди во куќен притвор, сега заедно со уште двајца судија од Апелација ќе одлучува дали првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, ќе добие поблага мерка за обезбедување на присуство.

Дуковски смета дека советот од Кривичниот суд кој го продолжил врз основа неважни факти. Тој ги потсети судиите дека тие претходно донеле одлука Јанева да оди во куќен притвор, а истите проблеми ги има и неговиот клиент. Адвокатот на Јовановски вели дека има нееднаквост во постапката, бидејќи за шест месеци неговиот клиент секој трет ден се носи во болница.

„Има несериозен пристап за продолжување на притворот од страна на кривичниот совет. Брутално се крши начелото за прсумција на невиност, бидејќи советот нема задача да носи одлука според степенот на кривичното дело, а во тек е главна расправа. За ова ќе паднат на испит на Правен факултет. Не може ако некој одлучил да се жени или мажи, тоа да биде отежителна околност. Не е ниту точно дека Јовановски нема имот. Јовановски за шест месеци се носеше 55 пати во болница, односно, секој трет ден. Беше хоспитализиран седум дена во болница. И пак е вратен во затвор“, рече Дуковски презентирајќи ја документацијата за здравствената состојба.

Вишото обвинителство пак, дало негативно мислење за укинување на мерката притвор на Бојан Јовановски, бидејќи во целост се исполнети условите за продолжување на мерката.

Кривичниот суд при определување на притвор, посочил дека поблага мерка за Јовановски не може да се изрече, поради предвидената казна, но и материјалниот и семејниот статус на првообвинетиот во “Рекет”

„Основаноста произлегува од видот и карактерот на кривичното дело, запретената казна, соочување за можноста ефективна казна затвор, со што постои реална опасност од бегство. Материјалните и семејните околности исто така се земени во предвид. Тој нема недвижен имот на негово име, често патува во странство“, пишува во изреката од пресудата за продолжување на куќниот притвор од страна на Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески