За убиство со умисла ќе одговара момчето кое ја задави медицинската сестра на Детска клиника

Од:

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за кривично дело-убиство против 22-годишното момче од село Петровец кое на 9-ти јануари ја задави медицинската сестра на поткровјето од Детска клиника. Од ОЈО велат дека лицето е обвинето затоа што со умисла ја лишил од живот покојната.

„Обвинетиот знаел дека жртвата е бремена. Тој делото го извршил по претходна вербална расправија, по што со употреба на сила ја турнал сега починатата на подот. Жртвата при падот удирајќи со главата на подот, се здобила со повреда која не била животно загрозувачка. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја се додека не престанала да покажува знаци на живот. Како резултат на насилното задушување кај оштетената настапила смрт“, посочуваат од јавното обвинителство.

Медиумите дента по убиството известуваа дека на чинот му претходела вербална расправија. Медицинската сестра била убиена во затворениот дел, по што момчето го изнело телото на отворено и застанал на самиот раб на покривот каде бил забележан од случаен минувач. Жртвата и обвинетиот биле блиски познаници и живееле на иста адреса. По убиството 22-годишникот го призна делото во полиција, по што му беше одредена мерка притвор од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај