За три месеци во Тетово изречени 563 казни за возење без положен возачки испит и немање дозвола

Од:

Во изминатите три месеци казни добиле вкупно 563 лица, претежно млади лица на возраст од 17 до 35 години, кои најчесто возат без положен возачки испит или валидна дозвола. Најчесто управувале патнички моторни возила и мотоцикли, а во неколку случаи и товарни возила. Сите биле адекватно санкционирани со законски предвидените поднесоци и парични глоби, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без претходно да го положат возачкиот испит, зашто ја доведуваат во прашање, пред сѐ, сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Но, и ќе се соочат со поднесоци и глоба која за овој вид прекршок, согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изнесува 250 евра во денарска противвредност. Исто толку изнесува паричната глоба и за сопствениците кои ќе им ги дадат на управување своите возила (патнички, мотоцикли и други) на лица кои немаат возачка дозвола, изјави Јосифоски.

Во рамки на вчерашната акција за контрола на мотоциклисти од 10 до 15 часот, на поширокото тетовско подрачје биле откриени 26 прекршоци, а кои биле заокружени со 46 мерки. Поради овие и други вид констатирани недостатоци од сообраќај се исклучени 18 мотоцикли. При контролата откриени и санкционирани се и 11 други видови прекршоци.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја