За три дена шестмина повредени од огнено оружје на свадби

Од:

Шест лица за три дена се повредени од огнено оружје за време на две свадба во гостиварското село Чегране и во струшкото село Џепин.

Во гостиварското село Чегране, вчера при семејна веселба-свадба, непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со лесни телесни повреди се здобил А.С.(33), соопшти денеска МВР.

Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

На свадбена веселба на 3.август (недела) пет лица беа повредени во струшкото село Џепин, кога еден од гостите од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.

Повредените беа пренесени во Медицинскиот центар Струга каде што им се констатирани телесни повреди и им е укажана лекарска помош.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата