За три дена 96 нови случаи на Ковид-19, четворица починати

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022) направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 66, Куманово – 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Куманово и Прилеп – по 21, Битола – 19, Охрид и Штип – по 12, Ресен и Делчево – по 10, Струмица – 8, Велес и Кавадарци – по 6, Гевгелија, Радовиш и Крушево – по 5, Демир Хисар – 4, Тетово – 3, Кичево, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (24.09 – 26.09.2022) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87г) и истото е починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица. Од починатите лица, 2 се пријавени од Скопје (91г и 89г) и едно лица од Кавадарци (71г). Од пријавените починати лица, 2 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08 до 15.09.2022 година.

Направени се 962 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-104, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–46, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-23, Биотек-38, Систина-14, лабораторија Лаор-8, Синлаб-2, Ремедика-5, Плодност-0, Генеа-3, Никоб Лаб-48, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 441.
Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска