Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 28.10 до 30.10.2022) направени се 819 тестови, а регистрирани е 71 нов случај на Ковид-19: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции.
Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Прилеп – 9, Битола – 8, Штип – 2, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (28.10 – 30.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Направени се 819 тестови преку: ИЈЗ-86, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-20, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–47, Жан Митрев (Филип Втори)-5, Авицена-14, Биотек-21, Систина-11, лабораторија Лаор-8, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-7, Никоб Лаб-18, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 458.
Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.