За три дена 300 вакцинирани против сезонски грип во Кавадарци

Од:

За три дена од стартот на вакцинирањето против сезонски грип во Кавадарци, 300 лица примиле вакцини во Центарот за јавно здравје, јајголем дел од нив, хронично болни.

– За почеток обезбедивме 720 вакцини против сезонски грип, но ќе обезбедиме и дополнителни вакцини доколку има потреба од тоа, со оглед на тоа што лани беа вакцинирани 810 лица, соопшти утринава Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот.

Тој посочи дека за вакцина се заинтересирани лица од различни возрасти, но најмногу тие над 65 годишна возраст и хроничните болни.

– Оваа вакцина е препорачлива за срцево и бубрежно болни, дијабетичари, лица со белодровни заболувања и хронични болни, но би било потребно да ја примат и шалтерски работници и лица кои работат во јавни служби, нагласи Јовановски. Препорача до сите граѓани, овој период да избегнуваат групни собирања во затворени простории, а во домашни услови, често да проветруваат и да имаат пригодно загревање. Рече дека вакцинираните се 90 отсто заштитени од заболувања од сезонски грип.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти