За три дена 17 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.

Во петокот,  извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден велосипедист.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешка телена повреда се здобил еден патник во автобус.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште четири незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европски извештај за случена сообраќајна незгода.

Во саботата извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден сопатник.

Случени се и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Вчера извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди со материјални последици.

Случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 45 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 10 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 42 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 44 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“