За Стаменковска, новите вработувања се партиски, а скапите промотори што таа ги координирала во времето на Груевски биле стручни

Од:

Новата министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојановски, во техничката Влада и понатаму стои на ставот дека над 4.000 вработувања, за кои беа распишани огласи во периодот од формирањето на техничката Влада, се луѓе што се дел од партиските списоци на СДСМ. На прашањето која е разликата помеѓу 11-годишното полнење на администрацијата со партиски кадри, особено ако се земе предвид дека таа беше координатор за економските промотори, Стаменковска се правда дека не можела да се врши споредба затоа што овие кадри донеле многубројни инвестици и нови работни места за државата. Таа не ги коментира сумите што беа потрошени за оваа цел, при што познато е дека еден економски промотор државата ја чинеше речиси 3.000 евра месечно.

„Точно е, бев координатор на економските промотори во 2014 година во Агенцијата за странски инвестиции. Но, видете ги бројките и придобивките од нивната работа – се отворија нови фабрики, се вработија илјадници луѓе. И актуелната власт ја согледа потребата од воведување економски промотори. Тие нè критикуваа, а еве поднесоа закон до Собранието, со кој се бара да се воведат економски промотори со исти задачи и иста цел, но овој пат тие ќе бидат дел од ТИР-зоните наместо од Агенцијата за странски инвестиции, како што беше во минатото“, рече Стаменковска-Стојановски.

Во периодот кога Стаменковска-Стојановски беше координатор на економските промотори, државата броела 33 економски промотори, кои биле во поразвиените земји и региони на светот, а нивниот ангажман државата ја чинел помеѓу 2.500 и 3.000 евра месечно. Во целиот систем за привлекување странски инвестиции биле ангажирани и 200 вработени административци. Само платите на економските промотори државта ја чинеле над 1 милион евра годишно, без одредени дополнителни трошоци, кои им се признавале дополнително.

Стаменковска-Стојановски додаде и дека стои на ставот оти ќе изврши увид во сите новоотворени огласи и доколку утврди дека некои од вработувањата не се согласност со законот, ќе стави вето, со тоа што нема да ги потпише решенијата за вработување на новите кадри, кои ќе бидат распределени во МИОА.

„Ќе го користам правото на вето да не ги потпишам решенијата за вработување доколку увидам дека нововработените се со партиска заднина. Но, ова право можам да го искористам за кадрите што ќе влезат во МИОА. Засега немам бројка колку нововработени се планитрани тука, но кога ќе заврши увидот во документацијата, овие информации јавно и транспарентно ќе ги споделиме со јавноста“, рече Стаменковска-Стојановски.

Според последните објавени информации што ги соопшти министерот Дамјан Манчевски, кој раководеше речиси 3 години со Министерството, државната администрација брои 139.009 вработени. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски