За шест месеци Општина Кочани вратила долг од 53 милиони денари

Од:

За неполни шест месеци Општина Кочани вратила долгови во висина од 53 милиони денари, со што задолженоста е намалена за околу две-третини.

Раздолжувањето е постигнато со рационално и економично работење, што ќе овозможи брзо растоварување на буџетската сметка, беше речено на прес-конференцијата што ја организираше градоначалникот Николчо Илијев.

– На 25 октомври минатата година наследивме долг од 49 милиони денари, а во меѓувреме пристигнаа нови фактури за уште 27 милиони денари. До 30 април годинава вкупниот долг го сведовме на 23 милиони денари, а притоа редовно ги подмируваме и тековните обврски. Скративме на непродуктивните трошоци, а со новите рестриктивни политики во наредниот период очекуваме целосно раздолжување на Општината, рече градоначалникот Илијев.

За појасно претставување пред јавноста, во табеларен преглед, Општина Кочани ги прикажа подмирените обврски од октомври 2017 до март 2018 година, како и достасаните и платените обврски до почетокот на април.

– Благодарение на транспарентноста во јавните набавки, ние заштедивме шест милиони денари, со кои покрај планираните еднинаесет ќе изградиме уште две улици, а распределуваме средства и за нови инфраструктурни проектирања. Очекуваме да ги надминеме планирањата во развојните програми, додаде градоначалникот на Кочани.

Илијев најави дека со поддршка на централната власт очекува реализација на пилот-проект за градинка по европски стандарди, изградба на Домот за стари лица, продолжување на градежните работи на браната Речани и на експресниот пат до Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски