За седум дена 2.180 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Од:

Пред седум дена во земјава имаше помалку од 1.000 активни случаи на Ковид-19. Според статистиката на Министерството за здравство од 5. август, во Македонија имало 955 активни случаи. Со зголемувањето на новозаболените заклучно со вчерашната статистика, во земјава има 3.135 активни случаи, што за една седмица е зголемување од 2.180 новозаболени.

Бројката рапдно се зголемува во последните неколку дена, а вчера и ден претходно новите случаии надминуваат и 500 за 24 часа.

Во последните два дена и смртните случаи се зголемија, во вторникот имаше четири, а вчера беа региститрани осум починати лица од последици од Ковид-19 .

Највисоки бројки на активни случаи и на новозаболени имаат Скопје и Тетово. Во Скопје бројот на активни случаи се искачи на 1053, а во Тетово 755. Следи Гостивар со 370 активни случаи, Куманово – 193, Кичево – 161, Струмица – 88, Битола – 75, Дебар – 71, Охрид и Струга со по 67 активни случаи. Во другите градови се под 50 заразени, а Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово, Дојран и Неготино сè уште се без позитивен случај.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 на оздравени пациенти е 150.613, на починати 5.521.

Здравствните власти во земјава континуирано апелираат на масовна вакцинација. Најавените рестриктивни мерки кои треба да бидат во сила од понеделник, а во најголем дел се однесуваат на ограничувања кон невакцинираните, во последниве денови го зголемија интересот за имунизација.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 8.202 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска