За СДСМ Талат Џафери е добро решение за премиер, утре ќе го потврдат Митрески за кандидат за претседател на Собранието

Од:

За СДСМ е прифатлив предлогот на ДУИ, Талат Џафери да биде технички премиер рече на прес конференција пратеничката Даниела Маркоска и потврди дека координаторот на пратеничката група Јован Митрески да биде потврдена за кандидат за претседател на Собранието.

– Сметаме дека Талат е соодветно и добро решение. Претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажа состанок на раководството на СДСМ. На овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ, вели Маркоска.

– Ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите нема да им успее. Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните. Не се нешто ново обиди за создавање криза, зборував и во пресот за нив. Како што досега не усепа така нема ниту овој пат. ДПМНЕ има проблем од друга природа. Но се што трврдеа досега излезе обратно, рече Маркоска во одговор на прашањето што ако ВМРО-ДПМНЕ не учествува во техничката влада и не предложи министри и заменици министри.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски