За разрешувањето на членот на ДИК, Дума, Собранието ќе расправа по празниците

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница донесе Предлог-одлука за разрешување на Виолета Дума, член на Државната изборна комисија. За оваа одлука треба да се гласа на пленарна седница по божикните празници, а за да биде донесена потребно е двотретинско мнозинство.

На седницата на Комисијата за Предлог-одлуката не гласаа пратениците од СДСМ и коалицијата, а воздржани беа пратениците од ДУИ. Дума, неодамна беше повторно избрана за член на ДИК, на предлог на СДСМ.

Претседателот на Комисијата Зоран Илиоски образложи дека предлогот за разрешување на Дума е поради тоа што таа исполнува услови за пензија.

– Во членот 28 став 1 алинеа 4 од Изборниот законик е утврдено дека функцијата на членовите на Државната изборна комисија, им престанува пред истекот на мандатот поради исполнување услови за старосна пензија утврдени со закон. Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување член 18 е утврдено дека осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот за маж, односно 62 години живот за жена и најмалку 15 години пензиски стаж, рече Илиоски додавајќи дека предлага нејзино разрешување бидејќи таа ги исполнува условите за старосна пензија.

Посочи, исто така дека Собранието има донесено автентично толкување во врска со пензионирањето, за што исто така и било укажано и на Дума.

Илиоски посочи дека пред изборот на Дума повторно за член на ДИК на предлог на СДСМ и ним и на претставниците на меѓународната заедница им било предочено дека таа согласно материјалните закони исполнува услови за пензија. И покрај тоа, појасни тој, СДСМ останала на ставот Дума да биде нивен партиски предлог за член на ДИК.

Пратениците од опозицијата имаа различно толкување на законите во однос на пензионирањето на Дума, сметаат дека таа може да го продолжи мандатот и посочија дека до Собранието и до ДИК доставила барање за продолжување на работниот однос до 31 август, согласно Законот.

Горан Мисовски од НСДП рече дека смета оти намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја ослаби позицијата на опозицијата во ДИК доколку Собранието не успее да избере нов член на предлог на опозицијата, поради тоа што треба да се распушти до крајот на февруари. Обвини за нетранспаретност, некоректност и неделовничко работење поради тоа што во последен момент предлогот бил доставен до пратениците.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески рече дека е вистина дека имало сугерирање, но праша зошто тогаш гласале за неа на собраниската седница. Дума, како што кажа тој, има поднесено изјава дека сака да работи до 65 години.

– Ние правнички не сме убедени дека вие сте во право. Во дел од законите се пишани ограничувањата на годините, а во дел не се. Зошто е тоа така? Во Изборниот законик не е пишано тоа, рече Сугарески.

Според него, Уставниот суд има донесено одлука со која им дава можност на жените да можат да работат до 67 години. – Тврдам дека таа се применува, рече Сугарески.

Илиоски рече дека пратениците од владејачкото мнозинство гласале за Дума за член на ДИК поради тоа што таа била предлог на политичка партија, оти никаде не пишува дека не може да биде избрана и дека на преставниците на опозицијата им било сугерирано дека ќе дојде до ваква ситуација бидејќи законите мора да се почитуваат. Во однос на обвинувањата дека ќе ослабе позицијата на опозицијата на ДИК, Илиоски рече дека доколку одлуката за разрешување се изгласа од Собранието, нов член на ДИК на предлог на опозицијата би требало да биде избран до 23 јануари.

Ермира Мехмети рече дека пратениците од ДУИ за предлог – одлуката ќе гласаат воздржано бидејќи им се потребни дополнителни политички консултации во пратеничката група, но потенцира дека се чини дека со ова се продлабочува кризата во земјата.

Предлог- одлуката се очекува да се најде на дневен ред на Собраниската седница закажана на 11 јануари 2016.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто