За прв пат во Македонија граѓаните ќе креираат „Круг на хуманоста“

Од:

Под мотото „ЗАЕДНО создаваме КРУГ НА ХУМАНОСТА“, во сабота 28 септември 2013 во периодот меѓу 10.30 и 17.00 часот, околу Спомен куќата на Мајка Тереза, граѓаните и посетителите на Скопје ќе можат со донирање на метални парички поставени една до друга да создадат огромен круг околу спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. Собраните средства од формираниот Круг на хуманоста ќе бидат донирани за подобрување на условите за живот во станбените објекти во кои живеат млади лица без родители кои по наполнувањето на 18 години го напуштат Домот за деца без родители, и живеат во изнајмени станови за кои трошоците ги покрива ВРМ.

Хуманитарниот настан „Круг на Хуманоста“ го реализира Центарот за институционален развој – ЦИРа како една од активностите на одбележување на десетгодишнината од своето постоење, во соработка и со поддршка на Спомен-куќата на Мајка Тереза и Министерството за труд и социјална политика.

Граѓаните се повикани да земат учество на овој настан со донирање, макар и на еден, денар кој ќе го постават во кругот. Мотото на овој настан е „Заедно создаваме круг на хуманоста“.

Една од причините за организирањето на КРУГОТ НА ХУМАНОСТА во спомен-куќата на Мајка Тереза, е и првото одбележување на Меѓународниот ден на милосрдието, 5 септември во целиот свет. Со цел признавање на улогата на добротворството и милосрдието како начини за ублажување на хуманитарните кризи и страдањето на народите, како и признавање на напорите на добротворните организации и поединци, вклучувајќи ја и работата на Мајка Тереза, Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуцијата A/RES/67/105PDF го назначи 5 септември- годишнината од смртта на Мајка Тереза, за Меѓународен ден на милосрдието.

„Во образложението потпишано од Генералниот секретар на Обединетите нации, г-н Бан Ки Мун, овој ден е одбран за одбележување на годишнината од смртта на универзалната икона на милосрдието, нашата сограѓанка Гонџа Бојаџиу, која на 25 септември, точно пред 85 години, го напушта родното Скопје за да се посвети на својата мисија да им служи на „најсиромашните помеѓу сиромашните“. Спомен куќата на Мајка Тереза по тој повод овој многу значаен ден ќе го одбележува секоја наредна година со хуманитарни настани. Настанот кој ќе се случи во сабота- Кругот на хуманоста,е првиот настан кој ќе го одбележи овој ден, преку формирање на круг од монети. Како што рекла Мајка Тереза:

„Не е важно колку многу правиме, но важно е колку љубов во тоа вложуваме. Не е важно колку многу даваме, но важно е со колку љубов тоа го правиме“, изјави на денешната прес конференција г-а Рената Кутер, директорка на Спомен-куќата Мајка Тереза

Идејата е оваа и ицијатива да прерасне во традиционален годишен хуманитарен настан, со кој ќе се одбележува 5 септември- Меѓународниот ден на милосрдието во нашата држава.
Како следен предизвик на ЦИРа, во една од следните години е да се направи круг од донирани парички околу атлетската патека на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

„Во последното истражување на ЦИРа за филантропските практики во РМ, се покажа дека 49.5 % од граѓаните имаат донирано во изминатите 12 месеци. Верувам дека секој од нас може да донира барем една паричка од 1 денар, и на тој начин да им помогне на младите без родители, на кои им треба поддршката од заедницата за подобрување на условите на живот. Креирањето на Кругот на Хуманоста, симболично ќе испрати порака за хуманоста на нашите граѓани, покажана многу пати до сега, вклучувајќи ја и хуманитарната мисија на скопјанката Мајка Тереза, околу чија спомен куќа го формираме КРУГОТ“, изјави Зоран Стојковски, Извршен директор во ЦИРа

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска