За пратеници во руската Дума ќе може да се гласа и во Почесниот конзулат на Руска Федерација во Битола

Од:

Државјани на Руската Федерација кои престојуваат во Македонија ќе може да гласаат на претстојните избори за пратеници на Државната Дума на Руското Федерално Собрание закажани за 18 септември (недела) и тоа еден ден порано во просториите на Почесниот руски конзулат во Битола, соопштија од Конзулатот. 

– Со цел да се реализираат правата на руските државјани кои живеат во Република Македонија, поточно во општините кои спаѓаат во конзуларнoтo подрачје на Почесниот конзул на Русија во Битола (Битола, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп) имаат можност да учествуваат во предвремено гласање кое ќе се одржи на 17 септември (сабота) 2016 година од 8.00 до 20.00 часот на гласачкото место во просториите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола: ул.Маршал Тито, бр. 28, тел. 078/251-356, стои во соопштението.

Воедно, се наведува, дека во ова гласачко место, своето избирачко право можат да го остварат и Русите кои имаат постојан престој во Македонија или се наоѓаат овде врз основа на приватна покана, во службена, работна или туристичка посета со важечки руски пасош.

Би можело да ве интересира

Новинарот кој откри дека Владимир Путин имал љубовница почина на бизарен начин

Зеленски: Белорусија мора да ја демонтира опремата што ѝ помага на Русија

Има загинати и повредени во руски напад врз Полтавa

Четворица загинаа, 28 се повредени во напад со украински дрон на Крим

Зеленски: Украинските сили ја погодија руската воена логистика, нафтената индустрија и системите за воздушна одбрана

Ушаков: Русија не очекува спроведување на договорот од Анкориџ, туку победа