За прашањата за екстерното тестирање до МОН стигнале 3.461 валиден коментар

Од:

До крајниот рок за забелешки  на прашањата за екстерно тестирање (16 мај до 21 часот) до Министерството за образование и наука стигнале 3.461 валиден коментар. Министерот Спиро Ристовски на прес-конференција соопшти дека тие ќе бидат земени предвид и дека нивниот процент е мал во однос на половина милион прашања по сите предмети и струки внесени во системот.

– Најголем дел од коментарите се однесувааат на потребата од појасно поставување определено прашање  или поправилно преведување на прашањето, посебно кај проблемските задачи по математика, но има и за појаснувања на прашања по англиски јазик и по историја. Генерално, ако земеме предвид дека на приближно половина милион прашања имаме 3.461 коментар, тоа  е многу мал процент. Сите валидни коментари ќе ги земеме предвид и ќе ги коригираме. Најголем предизвик беше процесот да биде максимално транспарентен и мислам дека излеговме во пресрет на учениците, рече Ристовски.

Покрај валидни коментари, до МОН стигнале и неиздржани забелешки кои, рече Ристовски, воопшто не се однесувале на содржината и квалитетот на прашањата.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска