За полицаецот кој нападна колега пријава до Обвинителството и дисциплинска

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б (43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија информира Министерството за внатрешни работи.

– И.Б. е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, по чии насоки се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на Јавниот обвинител, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по целосно документирање на настанот ќе бодат преземени соодветни дисциплински мерки согласно колективниот договор во МВР, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец