За подобри патишта Дебар годинава ќе вложи 120 милиони денари

Од:

Општина Дебар годинава планира да потроши 120 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура, согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици.

– Планирани се 20 милиони денари повеќе споредено со 2016 година. Најголем дел од планираните пари, или 60 милиони денари ќе бидат за изградба на локални патишта. Од нив, 16 милиони се за изградба на дел од локалиот пат за село Аме, 15 милиони за изградба на патот граничен премин „Блато“-село Бањиште,додека осум милиони за изградба на локалниот пат кој ги поврзува селата Аме и Бањиште, вели Петрит Пачуку, раководител на секторот за урбанизам во општина Дебар.

Според него, со Програмата се превидува изградба на локални патишта во повеќе села, за кои се предвидени средства во износ од 300 илјади до 4,2 милиони денари.

За изградба и надградба на улици во градот се планирани 55 милиони денари. Со програмата усвоена од Советот на Општината, за зимско одржување на општински патишта и улици во градот и во селата се планирани два милиона денари. Исто толку финансиски средства се планираат за поправање на ударните дупки на улиците во градот и селата и по 500 илјади денари за поставување вертикална и хризонтална сигнализација и за изготување проекти и студии.

Финансиите се планира да се обезбедат од Јавното претпријатие за државни патишта Скопје, 15 милиони денари, партиципација (општината и месното население) 50 милиони, Агенција за паралелен развој на Република Македонија 25 милиони и од донации 30 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион