ДСЗИ за смртта на 25-годишното момче: Инициравме министерот Сали да формира комисија која ќе бара лекарска грешка

Од:

Во штипската Болница во тек е вонредниот инспекциски надзор по смртта на 25-годишното момче од Берово кое почина по вадење заб.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извести дека ќе иницира формирање комисија за стручен надзор до министерот за здравство Беким Сали која, исто како и Лекарската комора, може да утврди лекарска грешка.

„На ден 26.08.2022 год од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб. Инспекцискиот надзор во клиничката болница е се уште во тек. Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, Итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзана со лекувањето на пациентот“, известија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од таму најавија дека по целосно завршување на надзорот ќе изготват комплетна информација за констатираната фактичка состојба и за тоа дополнително ќе ја извести јавноста.

Врз основа на оваа документација лекарската комора и комисијата за стручен надзор, доколку ја формира министерот Сали, може да утврдат дали имало лекарска грешка во лекувањето на починатото момче.

Блиски на починатото момче преку социјалните мрежи кажаа дека момчето починало по интервенција на заб во штипската Болница, каде што дренот на забот му по поставиле несоодветно и го пуштиле на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти

МЗ: Значително унапредена раната детекција на најчестите малигни заболувања

Министерство за здравство: Одобрени дополнителни 1,6 милиони евра за Трикафта

Орце Костов