За патна инфраструктура општина Кочани ќе потроши 100 милиони денари

Од:

Во програмата за изградба и одржување на патишта и улици за годинава општина Кочани планира да потроши 100 милиони денари, средства обезбедени од Агенцијата за државни патишта, од општинскиот Буџет, од Светската банка за обнова и развој и од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

Најголем дел од средствата, околу 38 милиони денари ги обезбедува општината од сопствени извори, а 4,5 милиони од Агенцијата за државни патишта. За изградба и реконструкција на улици ќе се потрошат 51 милион денари.

За оваа намена Светска банка на Општина Кочани и одобри донација за реализација на проектот „Локален пат – ул. „Гоце Делчев-прв дел“ за поврзување на село Оризари со регионалниот пат и градот Кочани во износ од 16 милиони денари, а општината треба да обезбеди 3,5 милиони денари, истакнуваат од општина Кочани.

За крпење на ударни дупки и прекопи со асфалт во текот на оваа година се планира да се потрошат околу 1.5 милиони денари. За набавка на вертикална сигнализација се планирани вкупно 300.000, а за обележување на хоризонтална сигнализација 700.000 денари. За одржување општински патишта и улици се планирани 1.8 милиони денари.

Во делот на изградба и реконструкција на улици, за 2017 година преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделието и руралниот развој, како и со сопствени средства, ќе се обезбедат над 26 милиони денари за реализација на проекти од патната инфраструктура.

Со проектот за Рехабилитација и подобрување на општинските патишта во Република Македонија, Општина Кочани преку Агенцијата за финансиска подршка на рурален развој аплицира за добивање средства кои ќе ги намени за изградба на дел од патниот правец: Оризари – село Пресека во висина од 28.600.000 денари.

Општина Кочани за оваа година предвидува и реализација на кружниот тек кај двојниот мост во градот вреден над 10 милиони денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот