За отворањето на угостителите и рестрикциите за продолжениот викенд Комисијата за заразни болести ќе дискутира утре

Од:

Комисијата за заразни болести утре ќе разговара за тоа кога ќе се отворат угостителските објекти во државата, откако, најавата за нивно отворање во текот на оваа недела е одложено. Министерот Венко Филипче, посочува дека собирањето на повеќе луѓе без дистанца паѓа во очи, бидејќи на таков начин државата нема да може да се избори со коронавирусот.

„Добар дел од угостителските објекти и сега можат да работат на т.н. шалтерски систем, но собирањето паѓа во очи во смисла на тоа што, голем дел граѓани не ги почитуваат мерките. Кажав на почетокот, без тоа нема да можеме да успееме.

Тоа е мерка донесена со попуштање на рестрикцијата на движење. И Шпанија донела одлука за задолжително носење маски за превенција. Тоа е новата реалност и мора да се почитува. Новите случаи се семејни настани од Скопје и Тетово. Не смее да има големи масовни собири, секогаш кога има присутни луѓе, внатре мора да се носат маски, како и надвор кога нема дистанца“, посочи Филипче.

Во текот на утрешниот состанок, Комисијата за заразни болести, ќе расправа и за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи