А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

За опозицијата покачувањето на платата е популизам, а за власта вистинско решение

by Габриела Димковиќ-Мишевска14/11/2019 - 14:3114/11/2019 - 14:31308
Share0

Минималната плата ги скара противниците од власта и опозицијата, при што за едните е популистички чекор, а за другите решение во вистински момент.

Добивај вести на вибер

На собраниската дебата најгласен беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, според кој покачувањето на платата се носи пред избори за поткуп на гласачи.

„Носите едено решение без дебата, без да бидат прашани работодавачите и стопанските комори, но тоа е ваша одлука на владеење. Покачувата плати, пензии пред избори. Освен тоа некоординирани сте во ставовите. Вашата министерска Царовска рече за да се прехрани едно 4-члено семејство треба 17.500 денари, а платата се покачува на 14.500 што значи дека минималната плата не стига ниту за храна. Ова е факт дека решението е носено несистемски и набрзина без анализа дали ќе има реперкусии по отпуштање на работници зошто работодавците може да не го издржат тој товар“, заклучи Данев.

За пратениците на власта, покачувањето на минималната плата е согласно ветената програма што ја дале пред избори и според нив ова ветување се исполнува како што е дадено.

„Не гледам ниту конфузност, ниту контрадикторност. Зголемувањето на минималната плата е решение коешто ќе ја зајакне социјалата, ќе го подигне стандардот и не е популистичка мерка, туку мерка согласно програмата. Доколку не се покачеше минималната плата, би ве запрашала дали 9.000 денари, колку што беше платата, ќе беа доволна да се наполни потрошувачката кошничка“, реплицираше пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска.

Во дискусијата се вклучи и собранискиот спикер Талат Џафери кој посочи дека носењето на законот, не е предизборно односно дека има доволно време да се изгласа и не ги крши процедурите. Сепак, опозицијата рече дека иако не се согласува со мерката што се носи пред избори, во име на граѓаните од загрозените социјални категории, ќе го поддржи законското решение.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен