За охридското обвинителство Пендиков е Бугарин: Едно лице обвинето за нанесување тешка телесна повреда од омраза

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, заедно со уште едно до овој момент непознато лице, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно повредиле еден оштетен.

На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Во текот на истражната постапка, сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видео надзорот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Охрид достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Во меѓувреме, по насоки на јавниот обвинител, и натаму се преземаат дејствија за идентификација и лишување од слобода на другото лице инволвирано во настанот.

Би можело да ве интересира

Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

Горан Наумовски

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

A1on

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

A1on

(ВИДЕО) Адвокатот на Илија Спасески го напушти судењето: Обвинителството заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин

A1on

Пендиков се врати во Охрид: Пред истражителите го опишува нападот врз него

A1on

Судењето за Пендиков ќе продолжи на 31 мај, најавено присуство на оштетениот

A1on