За одземање на мандатот на Груевски, наместо утре ќе се одлучува во среда

Од:

Наместо утре, пратениците во среда ќе расправаат за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Како што стои на собранискиот сајт, Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања ќе заседава на 07.10.2018, ден пред можното заминување на Груевски на отслужување на затворската казна.

Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски е врз основа на добиено Известување од Основен Суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години. Еден од условите за одземање на мандат за пратеник е доколку неговите колеги одлучат дека тој не е достоен да ја врши пратеничката функција. Според сегашното изјаснување на пратениците, тешко ќе оди оваа постапка, бидејќи за одземање на мандатот треба 80 пратенички гласови. Новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веќе се изјасни дека нема да го поддржи одземањето на мандатот на нивниот долгогодишен лидер.

Токму оваа пратеничка група е иницијатор на формирање на тело за помирување кое ќе се договара утре кај спикерот Талат Џафери. Неизвесно е дали на координацијата ќе присуствува новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството