За непочитување на мерките против КОВИД-19, ОЈО Ресен предложи казнени налози против шест лица

Од:

Основното јавно обвинителство Ресен достави предлози за издавање казнени налози против шест лица заради непочитување на полицискиот час, соопштија од ОЈО Ресен.

-Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување заразна болест, односно според Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен, како се движат пеш и со возила без притоа да поседуваат дозволи за движење, инфомираат од Обвинителство.

Со овије дејствија тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, за што надлежниот јавен обвинител предложи да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска