Во текот на викендот тетовчани добија казни за неносење задолжителни маски за заштита со цел спречување на ширење на коронавирусот.
-Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за неносење заштитни маски на 75 лица по што им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба, инфомираат од СВР Тетово.
Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 144 луѓе, додека вкупно биле контролирани 530 лица со вакви решенија во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 19 лица , а контролирани биле 120 лица со потпишани изјави за самоизолација.
-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје целосно да ја почитуваат владината уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување ширење на заразната болест предизвикана од Ковид-19. Според оваа уредба, секое домашно или странско физичко лице должно е да носи лична заштита при излегување надвор од својот дом, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени институции и слично), потсетуваат од СВР Тетово.