За неносење маски 121 казна викендов во тетовско

Од:

Викендот што измина на тетовското подрачје поради неносење маски за заштита од коронавирусот казни добиле 121 лице, информираат од тетовската полиција.

-Во периодот од петок до сабота до 7 часот казни се изречени за 47 лица, потоа до недела во истиот период за 44, а 30 глоби има во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол.

На сите 121 човек изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

-Апелираме и понатаму да се почитуваа оваа мерка како најзначајна за заштита од превенција од Ковид-19, а со тоа воедно да се избегнуваат глобите кои граѓаните треба да ги платат од по 20 евра. Потенцираме да се почитува задолжителното растојание и да не се создаваат метежи пред банките и други објекти, вели Јосифоски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски