За неколку дена над 30 пријавени на конкурсот за антикорупционери

Од:

Над 30 лица до петокот се пријавиле до Собранието на конкурсот за членови на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, дознава „Макфакс“. Меѓу нив има голем број адвокати, како и правни експерти, а засега е непознато дали меѓу пријавените има новинари и членови на невладини организации за борба против корупцијата.

Конкурсот трае до крајот на денов, што значи дека бројката на пријавени кандидати се очекува да биде уште повисока, со оглед на тоа што често се чека последниот ден за да се поднесуваат кандидатури.

Новиот Закон за спречување на корупцијата има построги критериуми за избор на седуммината членови на ДКСК, односно тие не смеат да бидат членови на политички партии, ниту пак донатори на партија, треба да имаат најмалку шестгодишно искуство во откривање на случаи на криминал и корупција, а на конкурсот не смеат да се пријавуваат лица кои претходно биле членови на Антикорупциската комисија.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието во рок од три дена по завршувањето на огласот треба да формира седмучлена комисија за селекција на кандидатите. Еден претставник од комисијата ќе биде од канцеларијата на Народниот правобранител, претставник на здружението назначен за член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на владеење на право, претставник на здружението назначен за член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на медиуми и информатичко општество, двајца пратеници од власта и двајца од опозицијата.

Откако ќе се направи селекција на кандидатите кои ги исполнуваат условите, во рок од 5 дена ќе се врши интервјуирање на кандидатите кое ќе се емитува на собранискиот канал.

Новиот закон им дава и поголеми овластувања на новите антикорупционери. Во него се предвидува тие да имаат директен пристап до банкарските сметки на функционерите, до сметките на политичките партии како и увид во над 60 дата бази. Предметите кои ќе бидат отворени новиот закон предвидува рокови за нивно завршување, за да не дојде до одолговлекување на постапките.

Државната комисија за спречување на комисијата не функционира скоро цела година, откако 5 членови дадоа оставки по отворањето на скандалот за исплата на фиктивни патни налози и незаконско трошење на буџетските пари.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори