За меѓуопштинските и меѓународните автобуски линии пристигнати 461 апликација

Од:

Министерството за транспорт и врски денеска ја спроведе годишната електронска распределба за меѓуопштинските и меѓународните автобуски линии.

Годинава за разлика од лани пристигнати се две апликации повеќе односно 461 апликација од кои 193 за нови линии во меѓународниот сообраќај и 256 за нови линии во меѓуопштинскиот сообраќај.

За превозниците најинтересни меѓународни линии се оние до Австрија, Германија, Швајцарија и Италија, додека во меѓуопштинскиот сообраќај најголем интерес има за линиите кон Скопје и кон туристичките места во државата.

Новина е тоа што од следната година тие не ќе можат да аплицираат доколку имаат автобуси со ЕУРО 0 и ЕУРО 1 стандард.

– Со ова сакаме да го подигнеме квалитетот на превозот и да ја заштитиме животната средина. Планираме од година во година да се подигнува ЕУРО стандардот со што ќе овозможиме побезбеден транспорт, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната јавна распределба на автобуските линии.

Тој додаде дека е овозможен и увоз на автобуси со ЕУРО 3 стандард со што се очекува да се подобри квалитетот на возниот парк.

Според претседателот на Здружението на превозници Исток, Горан Трпковски, возниот парк е подобар од пред три години, а со владината мерка за увоз на автобуси со ЕУРО 3 стандард драстично ќе се зголеми квалитетот на превозот.

–  Владата ни дозволи во четири наврати да увеземе возила со ЕУРО 2 стандард со што се зголеми квалитетот на возилата, а со тоа и квалитетот на превозот, изјави Трпковски.

Новина во патниот сообраќај е и тоа што по барање на превозниците, во следните шест месеци ќе треба и сите туристички агенции да се приклучат на системот за електронска продажба на билети со цел ќе се оневозможи еден ист билет да се продаде два пати.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска