За Македонија 103.200 вакцини против Ковид-19 преку Ковакс системот

Од:

Македонија ќе добие 103 200 вакцина во распределбата преку Ковакс системот. Сите вакцини што земјава ќе ги добие по овој пат ќе бидат од производителот Астра Зенека. Ова е информација од официјалното соопштение на иницијативата на ОН, Ковакс.

Иницијативата на ОН, Ковакс планира во првата половина од годинава да испорача 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19, најмногу во земјите во развој.

Тоа ќе биде доволно за вакцинирање на речиси 169 милиони луѓе со двете дози, или речиси три проценти од популацијата во 145 земји кои учествуваат во иницијативата.

Ковакс очекува да подели 336 милиони дози вакцини кои ги развија Астра Зенека и Оксфорд во првите два квартали, повеќето произведени во Индија.

Во првиот квартал се очекуваат дополнителни 1,2 милиони од вакцината на Фајзер и Бионтек.

Според Ан Линдстранд од СЗО, испораките би можеле да почнат кон крајот на февруари.

Ковакс ќе покрие трошоци за набавка на вакцините за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат по пристапни цени.

Земјите ќе добијат дози пропорционално на бројот на населението.

Најмногу ќе добие Индија (97,2 милиони), потоа Пакистан (17,2 милиони), Нигерија (16 милиони), Индонезија (13,7 милиони), Бангладеш (12,8 милиони), Бразил (10,6 милиони), Кенија (4,2 милиони), Судан (3,4 милиони), Јемен (2,3 милиони) и Сирија (1,02 милиони)

Меѓу земјите во регионот, Србија ќе добие најмногу – 345.600 дози, потоа Босна и Херцеговина – 177.000, Албанија – 141.600, Северна Македонија – 103.200, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000 дози вакцини.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски