За квалитетни промени во образованието потребна е сеопфатна анализа, смета Народниот правобранител

Од:

За квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието потребна е сеопфатна анализа на состојбите, смета народниот правобранител на Република Македонија,  Иџет Мемети.

Следејќи ја состојбата во образованието, протестите на средношколците во врска со новините во полагањето на Државната матура и екстерното тестирање, како и постапувајќи по претставка од ученици-средношколци и родители на ученици, вчера до министерот за образование и наука народниот правобранител доставил Информација со предлог за преземање мерки.

– За квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието потребна е сеопфатна анализа на состојбите. Промените не треба да се донесуваат на брз начин, без консултирање на пошироката јавност, напротив, транспарентно, преку јавна дебата, вклучувајќи ги сите инволвирани страни меѓу кои и младите, со цел планирање на целосни и сеопфатни новини, взамено прифатливи, од кои ќе имаат придобивки сите подеднакво, учениците, наставниците и општеството во целина, вели народниот правобранител.

Според него, во ниту еден случај не смее да се заборави дека учениците се директно засегнати од реформите во воспитно-образованиот процес, кој влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност.

– Од друга страна, воведувањето на реформи во образованието и начините на нивна реализација без консултирање, комуникација и дијалог со младите вклучени во образовниот процес, придонесува тие да се чувствуваат непотребни и неважни, иако овие промени се однесуваат на самите ученици и тие ги чувствуваат последиците, истакнува Мемети.

Народниот правобранител препорачува надлежното Министерство сериозно да им посвети внимание на забелешките и ставовите на средношколската младина, да ги почитува како субјекти, и во разговор со нив да ги слушне нивните размислувања по однос на реформите во образованието, затоа што само по пат на комуникација и дијалог со сите, и со младината може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои ќе се постигне квалитетно образование.

Народниот правобранител во денешното соопштение препорачува доследно почитување на принципот на најдобриот интерес на детето, правото на слободно мислење и слободно изразување за сите прашања кои се однесуваат на детето, правото на учество/партиципација и практикување на дијалог, со што нема да се остави простор за каква било манипулација на децата и младите, како и посветување на потребното внимание за нивните ставови, согласно законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

Во Македонија има околу 400 „невидливи лица“

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија