За крадците на бомби од воениот магацин кај Штип 13 години затвор

Од:

Вкупно 13 години затвор за четирите лица кои украдоа бомби од воените магацини кај Новакова чешма, е пресудата на Кривичниот судски совет чиј претседател е судијата Сашко Георгиев денеска по завршните зборoви на одбраната и обвинителство ја донесе пресудата за четирите лица кои ја извршија оваа тешка кражба, а потоа бомбите ги однеле во нивните домови.

М.Е. (24) е прогласен за виновен поради сторени две кривични дела, „кражба“ и „недозволено изработување и држање оружје“, а единствената казна затвор за него е 5 години. Истата затворска казна за сторени две кривични дела му е изречена и на И.С. (32).

Останатите двајца Д.С. и Д.Т. кои учествуваа во кражбата на бомби се осудени на казна затвор од 1,6 години.

Пред Основниот суд денеска беа собрани семејствата на обвинетите. Пресудата се уште не е правосилна. Одбраната има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина