За Кацарска ќе се гласа на следно продолжение на пленарната собраниска седница

Од:

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 20-тата седница попладнево, откако во салата се собраа доволен број пратеници за кворум, донесе неколку закони. На седницата присуствуваа опозициски пратеници, кои дел од законите поддржаа, а за дел беа воздржани. Имајќи предвиде дека за предлогот Добрила Кацарска да биде нов уставен судија е потребно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, гласањето за оваа точка беше оставено за некое следно продолжение.

Пратениците ги изгласаа предлог на законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 за месеците октомври, ноември и декември 2020 година и на законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, двата по скратена постапка, кои се поврзани со ребалансот на Буџетот.

Исто така беа донесени измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за работните односи, по скратена постапка, како и измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, трите по скратена постапка и измените на Законот за приватно обезбедување, во прво читање.

На 20. седница се останати уште неколку точки од дневниот ред, закони за коишто пред да гласа Собранието, треба да го поминат комисискиот филтер.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он