А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

За Јовановски снимките од ПИ-мерките се несерозни, а себеси се нарече „мало бебе“ во однос Милески

by Кристијан Ландов17/02/2020 - 15:5918/02/2020 - 08:33558
Share0

Обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“, по прикажувањето на ПИ-мерките рече дека снимките и извештаите од МВР покажуваат само една несериозност.

Добивај вести на вибер

Тој негодуваше бидејќи извештаите кои ги читаше обвинителката Вилма Русковска не соодветствувале со снимките кои биле прикажани во судската сала.

На крајот, Јовановски рече: „Јас сум мало бебе во однос на оној кој прв доби куќен притвор”.

„Единствените законски снимки кои се прибавени во овој настан се олицетворение на една груба несериозност, која беше денеска преставена, имавме исчитување на извештаи кои не соодвејствуваа на мониторите на салата. Во однос на потенцирањето за ул. Стрезова, не видовме видео снимка ниту фото документација, бидејќи обвинителката потенцираше дека одам кај Катица Јанева. Се потенцираше “Скупи 3”, а тоа е седиштето на „1ТВ”, и “Варшавска”, каде што е куќата на моите родители. Сакам да кажам дека ова е само моја одбрана. Од ова што го видовме, јас сум само едно мало бебе во однос на оној кој доби прв куќен притвор”, рече Јовановски пред судот.

Адвокатот Дељо Кадиев, бранител на Катица Јанева рече дека ПИ-мерките немаат доказна вредност.

„Тие не се однесуваат на предмет на обвинение, има разлика во време”, рече Кадиев.

boki 13reket

Би можело да ве интересира

Пет години затвор за Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Горан Наумовски13/10/2025 - 12:29

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен