За изнесените лаги Шекеринска ќе покрене тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Вистината за Македонија покажа дека Никола Груевски е најголемиот лицемер кој краде и лаже.

Соопштенијата од неговата партија тоа го потврдуваат – плукаат и лажат без престан и без пардон.

После 10 години владеење во Македонија, тие се уште викаат „држете го крадецот“ бидејќи се фатени во криминали од стотици милиони евра, пари на граѓаните.

Врвот на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, лажните 8 милијарди евра инвестиции коишто никогаш не се реализираа, граѓаните го чувствуваат секојдневно.

Се потрошија 630 милиони евра за споменици а смртноста на бебињата во Македонија е најголема во Европа .

Додека фамилијата се богати преку грабеж на народните пари граѓаните се гушат во нечист, загаден воздух полн со канцерогени честички.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ се гледа во украдените субвенции на земјоделците и тендерите за газдите на медиумите зад коишто стои Груевски.

Додека над 180 илјади граѓани се борат за основна егзистенција, за три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ пласирани преку провладините медиуми се платени со пари на граѓаните.

Да имаше една незаконска или нечесна работа направено Радмила Шекеринска, да имаше еден незаконски потпис ставено , досега сто пати ќе ја притвараа и ќе ја судеа.

Бидејќи нема, продолжуваат безобразно да лажат и плукаат.

За ова соопштение, полно со лаги и измислици Радмила Шекеринска ќе покрене тужба за клевета против ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“