За испорака на вакцини од Ковакс потребно исполнување на клучни услови

Од:

Од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини на земји со среден или низок приход, објаснуваат кои критериуми се потребни за да се добијат вакцини.

-За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да бидат присутни, вклучително потврда на националните регулаторни критериуми за авторизација поврзани за испораката на вакцини, договори за обештетување (за сите учесници со секој производител), национални планови за вакцинација како и логистички фактори како лиценци за извоз и увоз, велат за МИА од ГАВИ.

Алијансата нагласува дека е во контакт со сите учесници во Ковакс за дистрибуцијата на вакцини, но без повеќе детали за процесот во однос на Северна Македонија.

-Со финализирањето на подготовките, Ковакс ги издава нарачките до производителите и ги праќа и испорачува дозите преку редовен процес. Ова значи дека, од минатата недела, доставите за првата рунда испораки се одвиваат дневно, во транши, објаснува Лаура Шевлин од ГАВИ.

Според неа, владите се информирани за првата рунда дистрибуција за тоа на кој датум ќе ги добијат дозите, а роковите би требало наскоро да бидат јавно соопштени.

Од ГАВИ за сега нема прецизен одговор дали Северна Македонија ги исполнува наведените услови.

Би можело да ве интересира

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он

Со СМС пораки ќе се повикуваат на вакцина невакцинираните и нецелосно вакцинираните кои имаат заболувања

Маја Илиевска-Пачемска

За помалку од 250 евра ќе се уништат 300.000 дози на вакцини против ковид, Сали: Не треба да се прави политика од ова

Кристијан Ландов

Владата ќе ги стимулира младите да се вакцинираат

А1он

Во Врање во 2021 година вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани

А1он

На почетокот од следната година Македонија ќе добие педијатриски дози од Фајзер за деца од 5 до 12 години

А1он