За и Против Законот за абортус

Од:

Во матичното собраниско тело, Комисијата за здравство, копјата ќе се кршат по Предлог законот за прекинување на бременост.

Се најавува лекари, експерти и претставници на невладиниот сектор да дебатираат кои се аргументите за , а кои против едно вакво законско решение.

Со ова започнува јавната расправа за Законот, кој предизвика лавина спротивставени реакции.

Граѓанската организација Х.Е.Р.А преку социјалната мрежа Фејсбук за четврток во 11.30 часот, најавува нов протест против овој закон.

Тие сакаат да испратат порака до Парламентот да не дискутира за овој закон, како и до Министерството за здравство, како предлагач, да го повлече законот.

„Овој закон ниту е истиот како оној од ’77, ниту ќе го подобри здравјето на жената. Токму напротив овој закон само ќе ги ограничи жените во слободно донесување на својата одлука за прекинување на бременоста. Овој закон не е подготвен во транспаретна процедура, а најмалку се прашани они на кои се однесува – жените. Дојдете да ја пратиме заедно јасната порака до Собранието да не дискутира за овој закон и Министерството за здравство, како предлагач да го повлече овој закон“, се вели во повикот за протестот.

Лош ветер дува низ Европа за абортусот, вели организацијата „Меѓународен семеен планинг“ (МСП) и реагира на предлот законот на Владата на Македонија за абортусот.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски