За Груби, платформите во Струга не се дивоградба: Нема никаков притисок од јавноста

Од:

Вицепремиерот Артан Груби отиде до Струга за да најави дека тамошниот градоначалник Рамиз Мерко, ќе урива платформи на брегот на Охридското Езеро. Груби смета дека платформите не се дивоградби, бидејќи се поставени со одобренија. Додека Мерко одговараше на новинарски прашања и тврдеше дека нема дивоградби во градот, како и дека новинарите спинуваат, Груби се смееше.

„Нема никаков притисок од јавноста, ова го правиме со иницијатива на Мерко. Нема притисок од граѓаните, затоа што тие се определија да го изгласаат за градоначалник на Струга, пензионирајќи го еден лидер на политичка партија. Се надевам дека ќе се осмели да се кандидира на овие избори, за да му се повтори одлуката пред четири години“, рече Груби.

Платформите се уриваат во договор со бизнисмените, кои немаат концесии за плажите, но и натаму управуваат. Тие плаќаат паушал на општината, иако законски, по истекот на концесиите не смеат да управуваат со плажите.

„Огромно задоволство ми е да сум тука. Со огромно задоволство да ви најавам за активностите кои ги презема Мерко во соработка со локалните бизниси за отстранување на сите платформи во Езерото и сум многу задоволен, бидејќи тоа се постигна со конструктивен дијалог. Платформата е законски изградена, но во дијалог со властите, согласност со препораките, ќе се отстранат платформите“, додаде Груби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста