А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За експертите бугарските условувања кон Скопје апсурдни, продолжува интензивната дипломатска активност за изнаоѓање решение

by А1он02/11/2020 - 09:23439
Share0

Во очекување на финален договор за преговарачката рамка за Северна Македонија, која е чекор кон одржување на првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, меѓународните експерти со оценка за апсурдноста на условите кои доаѓаат од официјална Софија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Австрискиот политички аналитичар и директор на тинк-тенкот Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, оценува дека доколку не се најде решение за најавата на Софија за блокада на пристапните преговори на земјава, ЕУ ќе го загуби кредибилитетот на политиката за проширување, што би било трагично за Унијата, за Северна Македонија и за Бугарија.

– Ако не се реши ова, кредибилитетот на политиката за пристапување во ЕУ ќе се распадне во 2020 година, под германското претседателство со ЕУ. Во време на веќе огромна нестабилност околу ЕУ, оценува австрискиот експерт за Западен Балакан.

Следете a1on на Youtube YouTube

Барањето на Софија и на шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева Скопје да признае дека македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени, тој го оцени како апсурдно.

– Замислете Германија да инсистира „Австрија да ги признае германските корени“, заканувајќи се со „тензии“ ако не го стори тоа. Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот, пишува Кнаус на неговиот Твитер налог.

Захариева минатиот петок во интервју за Ројтерс изјави дека Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту правото да го нарекува својот јазик како што сака и дека Софија е подготвена да ја потврди сегашната реалност, но Скопје „треба да ја признае историската вистина“.

– Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на РСМ кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши, додаде таа.

Ваквата изјава на Захариева викендот ја осуди Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

– Македонците во Албанија изјавата на министерката Захариева ја осудуваат и ја сметаат за несоодветна и недолична. Недозволливо е висок државен функционер, како министер за надворешни работи, да ја злоупотребува позицијата за потценување на Македонците и Македонија. Во истоврме најостро ја осудуваме злоупотребата на правото на вето на Бугарија во Европската Унија, се наведува во реакцијата на друштвото „Илинден“.

Наредна можност за надминување на разликите, со Бугарија пред одржувањето на Советот на ЕУ на почетокот на ноември, е средбата на шефот на дипломатијата Бујар Османи со неговата колешка Захариева в четврток во Софија на настанот „Западен Балкан по 2020: Акции и одлуки во време на пандемија“, на кој ќе се обрати и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

– Се обидуваме да најдеме начин да се видиме. Сигурно, да не беше пандемијата досега ќе се гледавме неколку пати, иако ние сме во постојана комуникација со министерката. Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме, бидејќи навистина се ближат деновите кога Советот треба да донесе одлука, изјави Османи во петокот.

Во однос на работните групи на двете министерства кои, како што рече, комуницираат на дневна основа во рамки на ограничувањата што ги наметнува пандемијата, направени се конкретни исчекори. Според него, навистина би било штета да не се искористи наметнатата динамика и во односите меѓу политичарите и во комисиите.

– Се разговара отворено за сет на прашања за кои сметаме дека има простор да се олеснат одредени загрижености на двете страни во овој процес. Да се објаснат различните очекувања и различните пристапи, изјави Османи.

bugarija dogovor

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он11/05/2026 - 21:33

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 14:47

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 12:25

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто