За едно деноноќие 14 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и 12 со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, седум пешаци и еден патник во автобус.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случени сообраќајни незгоди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 13 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 17 возачи коишто го користеле мобилниот телефон или, пак, не го користеле сигурносниот појас за време на управување на моторното возило и 71 пешак кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, а од нив на 54 пешаци покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден отстранети се 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Мирче Ацев“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје