За една недела доделена помош за 360 лица во социјален ризик

Од:

За една недела, од минатиот понеделник до вчерашниот ден, волонтерите на општинската организација на Црвениот крст однесе пакети со храна и хигиенски производи за речиси 360 лица во социјален ризик. Во текот на изминатата недела Црвениот крст доби 50 пакети со прехранбени артикли донација од културно хуманитарната организација Мерхамет кои ќе им се делат на социјално загрозени семејства во тетовскиот регион.

-Во текот на изминатата недела во акциите поврзани со справување со состојбата поради Ковид19, извршени се две достави на лекови на луѓе во државен карантин во хотелите на Попова Шапка и уште две за болни лица во градот. Услугата набавка на храна е побарана од едно лице, додека однесени се 51 пакет со прехранбени артикли и 96 пакети со хигиенски средства. На тој начин опфатени се 97 домаќинства со вкупно 360 лица од социјалните категории, изјави информира Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст.

Во текот на измината недела Црвениот крст Тетово бележи 48 дарители на крв. Сите доаѓаат во службата за трансфузиона медицина поради неможноста за целосно спроведување на традиционални крводарителски акции по установи.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски