За една година во новиот ургентен центар во Кумановската болница 50 илјади хируршки и ортопедски прегледи и интервенции​

Од:

Во новиот Ургентен хируршки центар, сместен во кругот на Општатa болница Куманово, за една година од пуштањето во употреба кон крајот на јули, минатата година, до денеска се извршени 34.100 хируршки и 8.000 ортопедски прегледи. Направени се и 7.600 преврски, имобилизации, како и други хируршки интервенции, истакна директорката на болницата, Снежана Захариева.​

Комплетно новиот објект на Ургентниот центар, како што информираат од Министерството за здравство, е со површина од 750 метри квадратни и овозможува над 200 илјади граѓани од североисточниот регион, на едно место да добијат хируршки, ортопедски и анестезиолошки третман со современа медицинска опрема во амбулантите и во дневната болница.​

Од болницата посочуваат дека има добра екипираност на медицинскиот кадар. Посебно значајно е, како што се потенцира, што неопходната здравствена услугата се обезбедува на едно место, што дава подобра можност за комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи. Во ургентниот центар се третираат пациентите кои доаѓаат со упат од матичен лекар, но и тие кои дошле за некоја ургентна или животозагрозувачка состојба.​

– Продолжуваат инвестициите во кумановската болница, се чека новиот оперативен стол за офталмолошката сала, набавен е и тимпанометар за ОРЛ одделот, обезбедени се и поголем број монитори, а се планира и преуредување на одделот за неврологија, каде ќе се набави и нов ЕЕГ апарат со средства од болницата, додаде д-р Захариева.​

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти