За една година во Кочанско бесправно исечени 500 метри кубни шума

Од:

Околу 73 илјади евра е вкупно проценетата штета што минатата година ја направиле лицата кои бесправно ја сечеле шумата во кочанскиот регион.

Во подружницата на ЈП “Македонски шуми“ во Кочани е регистрирано дека се исечени над 500 метри кубни буково, дабово и борово дрво на падините на Плачковица и на Осоговските Планини.

– Најголема шумска површина е уништена во атарот на подплачковичките села Теранци, Видовиште, Мородвис и Зрновци каде дрвокрадците однеле близу 325 метри кубни дрво, во вкупна вредност од околу 48 илјади и 700 евра. Тоа е двојно повеќе од она што бесправно е исечено на спротивната страна, на Осоговските Планини, каде во атарот на селата Јастребник, Лешки, Полаки, Припор и во Злетовско е уништена шума во вредност од близу 20 илјада евра, односно 136 метри кубни дрво, истакнува директорот на подружницата на “Македонски шуми“ – Кочани, Благојчо Диванисов.

Дополнителна штета е нанесена од шумските пожари, при што во осум регистрирани слуачи е уништена нискостеблеста шума на површина од околу 152 хектари, во вредност од околу 10 илјади евра.

Во кочанската подружница на “Македонски шуми“ велат дека податоците се добиени од теренскиот увид на шумочуварската служба, но оти тие не ја даваат реалната слика за бесправната сеча во Кочанско, односно дека штетите се најмалку двојно поголеми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат