За еден месец во земјава има повеќе од 26 илјади нови случаи и 678 починати од Ковид-19

Од:

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.166 од кои најголем број 5.731 се во Скопје. Во Тетово има 1.192 активни случаи, во Куманово – 859, Гостивар – 726, Струга – 618, Охрид – 554, Струмица – 543, Кичево – 494, Прилеп – 269, Битола – 266.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 5.362 тестирања регистрирани се нови 577 случаи со Ковид-19, 30 починати, 1010 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројот на оздравени пациенти е 163.070, а на починати е 6.214.

Министерството за здравство вчера ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6. август заклучно со 9. септември. За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

– Во период од 6. август до 9. септември на територија на државата 26.053 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 19 отсто биле целосно вакцинирани, односно 5.175 лица. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно 80 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84 отсто, додека 16 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со Ковид-19, 591 пациент (87 отсто) од починатите не биле вакцинирани, а 87 (12 отсто) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, информираа од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски