За еден месец во Гостиварско два центра за ран детски развој

Од:

Во Форино и Чегране до крајот на идниот месец ќе бидат отворени два центра за ран детски развој, а ваков капацитет до септември треба да се отвори и во Равен. Планирано е и реновирање на една од градинките во Гостивар.

Како што изјавија денеска од локалната самоуправа по увидот на терен, родителите од Форино ќе добијат можност за згрижување на дечињата во градинка. Капацитетот засега ќе биде четириесетина деца од предшколска возраст и за оваа намена се издвоени над еден милион денари општински пари.

Наскоро ќе почне и реновирањето на градинката „Детска Радост“ во Гостивар со што, беше речено, ќе се подобрат условоте за згрижување и престој на децата.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар