За две години урбанизирани 1.648 државни парцели за куќи, а продадени 659

Од:

Во текот на 2011 и 2012 година во целата држава се урбанизирани 1.648 локации на државно земјиште за изградба на куќи, како и 535 на приватно земјиште или со нерасчистени имотно-правни односи.

Во тој период, покажува анализата на Министерството за транспорт и врски, се продадени 659 државни парцели за индивидуално домување, како и земјиштето за проектот „Сончев град“, каде се предвидени голем број локации со таква намена.

Најмногу локации за изградба на куќи урбанизирала општина Илинден, 410, каде се продадени 126 државни парцели за изградба на индивидуални куќи. Во Демир Капија се урбанизирани 109, а продадени 52, во Битола 100 се урбанизирани и продадени се 78.

Во Прилеп е завршена постапката за урбанизација на 368 локации и се продадени 14 државни парцели. Во општина Петровец, пак, се урбанизирани 192, а се продадени 10. Во Кичево се урбанизирани и продадени 43 локации, а во Кочани од 37 урбанизирани се продадени 35.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, има голем напредок во урбанизацијата на локации за куќи, а натамошно стимулирање на процес ќе овозможат новите поволности од владиниот проект „Купи куќа-купи стан“.

– Тоа е одлична мерка за натамошно стимулирање изградба на куќи, рече Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски