За два месеца откриени десеттина кражби на струја во Струшко

Од:

Десеттина кражби на електрична енергија се открини при техничките контроли на броилата и мерните места што ги направи ЕВН Македонија во текот на јануари и февруари годинава во Струга и околните населени места.

Во текот на 2011 и 2012 година во Струшкиот регион биле откриени над сто кражби од извршените околу шест илјади контроли. Според портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски, откриените неправилности се однесуваат на директни кражби на електична енергија, но и на манипулации со броилата на корисниците.

– Најголемиот дел од неправилностите или околу 80 отсто се манипулации на броилата, а остатокот се директни кражби. За да платат пониски сметки, некои корисници се осудуваат да тргнат една или две фази од струјата, но ние тоа го откриваме. Точно знаеме колку се испорачало електрична енергија, а колку се потрошило. Сепак во последно време се намалени кражбите и манипулациите. Најмногу вакви неправилности во овој регион, нашите екипи констатираа во текот на 2010 година, вели Ковачевски.

Против сите корисници, потсетува тој, се поднесени кривични пријави и им се направени пресметки за неовластено користење на електрична енергија.

– Интензивните контроли на ЕВН, ќе продолжат и во иднина, по случаен избор или поради сомнеж дека некаде постои злоупотреба на електричната мрежа, со цел да се заштитат корисниците кои редовно ги плаќаат сметките, но и да се заштити системот на електричната енергија, додава портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачески.

Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик што стапија на сила на почетокот од годинава, кражбите на сите видови енергија претставуваат кривични дела за кои е предвидена затворска казна до пет години.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он