За два дена во Чаир нови 40 лица заболени од Ковид-19

Од:

Бројот на заболени во Чаир е зголемен за 40 лица за само два дена, покажува статистиката на Министерството за здравство.

Во Карпош има нови 17 лица позитивни на коронавирусот во последниве два дена, додека во Центар бројката е порасната за нови 14 лица.

Во Кисела Вода за два дена уште 8 лица се позитивни на Ковид-19, исто како во Аеродром. Во Сарај има тројца новозаболени, во Гази Баба има 5 нови, во Шуто Оризари нови 9, а во Арачиново е останата истата бројка на заболени, 23.

За само два дена, во општините во Скопје има 102 нови, активни случаи, позитивни на Ковид-19. Пред два дена бројката беше 658 активни случаи, а денеска е 760. Меѓу позитивните, има и двајца странци.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека станува збор за 41 кластер, а најголемиот број заболени се од периодот 23, 24 и 25 мај, на семејни собири.

Најновата дистрибуција според општини во Скопје на позитивни на Ковид-19 е следната:

– Чаир – 192

– Бутел – 68

– Центар – 66

– Гази Баба – 63

– Аеродром – 61

– Карпош – 57

– Сарај – 55

– Кисела Вода – 37

– Ѓорче Петров – 23

– Арачиново – 23

– Шуто Оризари – 21

– Студеничани – 20

– Илинден – 18

– Петровец – 6

– Чучер Сандево – 3

– Сопиште – 2

и двајца странци.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска