За два дена 16 сообраќајки во Скопје

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди.

На 2 декември, вторник, се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, тројца пешаци, еден возач на автобус и 13 патници во автобус.

Се случила и една железничка незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

На 3 декември, среда, се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 15 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои непрописно го запреле и паркирале возилото.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Вера Јоциќ“ кое се наоѓа во населбата Хиподром на територијата на општина Гази Баба.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка во Гостивар

Горан Наумовски

Во судар на три возила кај Пожаревац: Има загинати

Горан Наумовски

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Тешка сообраќајка кај Зеница: Се судрија автобус и камион, загина возач

Горан Наумовски