За ДУИ идејата за измена на Деловникот на Собранието не е спорна, СДСМ бара избори

Од:

Идејата за имени на Деловникот за работа на Собранието за координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери не е спорна и има основ, но тој не изнесе  став за неа бидејќи се уште го нема добиено во писмена форма. СДСМ, пак, не се изјасни за предлогот туку ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не е првпат да предлага измени на Деловникот кога опозицијата го бојкотира Парламентот.

– Засега имаме само идеја и намера. Конкретен предлог немаме добиено. Во однос на идејата за измени и дополнување на Деловникот, тој ја има силата на закон како и сите други закони и како таков под определени пропишани процедури може да се интервенира во содржината и во онаа материја што ја пропишува Деловникот, изјави Џафери.

Доколку се навлезе во материјална расправа околу можните измени и дополнувања на Деловникот, според Џафери, таа процедура би требало да ја следи и да биде со општ консензус на учесниците во работата на Собранието, без оглед што дел од опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот.

СДСМ, пак, соопшти дека секој нов чекор на ВМРО-ДПМНЕ оди во насока на целосно укинување на парламентарната демократија во земјата. Ја обвини вчадејачката партија дека на определено време сака да ги „закопа“ ЕУ и НАТО интеграциите.  – Не е првпат од владејачката партија да се иницираат промени на Деловникот без присуство на опозицијата, се наведува во соопштението. Опозициската партија исто така посочува дека ова може да предизвика продлабочување на политичките состојби, што ќе предизвика крајно штетни последици по иднината на државата, кои нема да можат да се ублажат ниту со оставка на премиерот.

За СДСМ во овој состав на Собранието е речиси невозможно да се воспостави политички дијалог, како предуслов за нормализирање на состојбите. За партијата излез се само слободни и фер предвремени парламентарни избори.

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, како претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања предложи измени на Деловникот за работа на Собранието со кои се предлага временски да се ограничи дискусијата во рамки на парламентарните комисии.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти